Утринава во Белград се случи тешка сообраќајна несреќа во која учестувале два автобуса и три автомобили. Спрема пследните информации, во несраќата најтешко поминала младата водителка на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ на која и е ампутирана раката на лице место.
Имено, кога се случил првиот судар возачите излегле од возилата да ја утврдат штетата и во тој момент автобус ја “собрал“ водителката која се движела на тротоарот. Спрема последните информации, таа е во тешка здравствена состојба.
Покрај водителката Деа Ѓорѓевиќ во несреќата потешко се повредени уште три лица. Причина за сударот бил лизгавиот коловоз.