Една од најубавите жени на светот, индијската актерка Пријанка Чопра се појави во емисијата на водителот Џими Фалоно во неверојатен секси стајлинг. Убавата Индијка се појави во провокативен стајлинг, во сако со длабоко деколте кое ги истакна нејзините бујни гради.
Поранешната мис на светот која пред три месеци се омажи за младиот глумец Ник Џонас, во емисијата откри дека се плашела од бракот. Таа изјавила дека претходно била со став дека со стапување во брак ќе го изгуби идентитетот, а најмногу се колебала околу промената на презимето. Иако си го задржала своето, Чопра го зела и презимето на својот сопруг Џонас.