Страшен инцидент се случил во основно училиште во Србија, кое ги потресе учениците и вработениот образовен персонал во школото.
Петнаесетгодишно момче од деветто одделение од Основното училиште „Иво Андриќ“ од Кулаш, изненадно го нападнал домарот на школото, Миланко Панчиќ, со повеќе удари со секира, нанесувајќи му тешки повреди.
Лекарскиот тим на Универзитетско клиничкиот центар во Бања Лука се борат за неговиот живот, додека пак ученикот е упатен во Психијатриската болница во Бања Лука на испитување.