Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Летото е забава, релаксација и време поминато во природа. Со добра грижа за себе можеме удобно да уживаме во сé што нуди сезоната. Времето е прекрасно, температурите се зголемуваат, сонцето е високо.
Но, многу време поминато на сонце може да ја исуши и изгори кожата и косата и да ги зголеми брчките. Часовите поминати уживајќи во летните активности може да нé остават и дехидрирани.
Покрај топлината што ја обезбедува, сонцето може да има и штетно да влијае:
– горење на скалпот по продолжено изложување, може да биде болно и штетно за фоликулите на косата
– косата станува сува и кршлива, со расцветани врвови
– оштетување на надворешната структура на косата (кутикулата)
– изгореници на кожата, плускавци, губење на еластичноста, оштетување на ДНК што може да доведе до рак на кожата
– фотосензитивност со чешање, осип, лупење, болка
– промени во текстурата на кожата, таа станува погруба и со брчки
– хронична сувост на кожата
За да ги спречиме и решиме овие несакани влијанија клучно е да преземеме проактивни чекори за да се заштитиме. Производи за нека во лето:
– лесен хидратантен гел или серум кој ќе ја направи кожата хидрирана и подготвена за топлото време
– хидратантен балсам за усни, течен кармин или сјај за да се спречи сувоста
– крем за сончање за секојдневна употреба со најмалку SPF 30, треба да се нанесува редовно во текот на денот. Изгорениците од сонце ја оштетуваат и ја сушат кожата, предизвикуваат темни дамки. Кога пливате или влегувате во безен, изберете крема за сончање што е водоотпорна.
– маска за лице за чистење на порите. Кога се потиме обилно, треба да ги исчистиме порите особено ако сме склони кон акни. Маската за лице ја ослободува кожата од нечистотија, прашина или мртви клетки заробени во порите. Кожата ќе добие здрав сјај.
– крем за околу очи против стареење кој ќе спречи или ѓе ги намали брчките и темните кругови кога по цели денови жмиркаме на силното сонце. Кремот за околу очи нанесето го секоја вечер пред спиење и наутро. Стареењето предизвикано од изложеноста на сонце ќе се намали.
– добар регенератор за нега на косата дава заштита од сонцето, го одржува скалпот здрав, го балансира производството на масти во скалпот. Ако е со SPF/UV заштита ќе го заштити скалпот од изгореници по долгите часови поминати на сонце.
Во летните месеци, добрата хидратација и детоксикација со топла вода со лимон треба да стане утринска рутина. Ја одржува pH рамнотежата во телото, обезбедува витамин Ц и минерали, електролити, ја подобрува перисталтиката, поттикнува метаболни функции, го зајакнува имунитетот.
Зелениот чај помага да се согорат мастите, но важен е и за кожата. Преку ден испијте една до две шолји чај, а кесички чај може да ставите на лицето, порите се чистат, отокот се намалува, прави ексфолиација, го успорува стареењето.
Суперхрана во прав може да му даде на телото витамини, хранливи материи и влакна ако во деновите на летниот одмор ви е потешко правилн
