Девојче од Скопје на возраст од пет години синоќа пред полноќ починало на Детската клиника. Кај девојчето бил утврден пандемски грип А- Х3Н1, а имало тешки промени на мозокот и на црниот дроб, соопштија од клиниката.
„Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A. Дадена е терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки почина во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката“, соопштија од Клиниката, посочувајќи дека детето претходно често се следело и лекувало кај нив и во Институтот во Козле, со дијагноза астма.