Денеска на маратонот во Лондон е испишана историја. Имено за првпат на еден маратон истрчано е под два часа. Денеска тоа го направија двајца. Победникот Себастијан Саве од Кенија беше првиот официјално кој што го направи тоа со оглед на тоа дека победи на маратонот со време 1:59.30, додека второто место му припадна на Јомиф Кејелџа од Етиопија со време 1:59.41. Третопласиран беше Јакоб Киплим од Уганда.
Инаку досегашниот светски рекорд беше на Келвин Киптун од Кенија кој пред три години истрча 2:00.35.
https://twitter.com/i/status/2048352922547675298
Денеска светскиот рекорд падна и во женска конкуренција. Победи Тигст Асефа со резултат 2:15.50. Тоа е најдобро време во историјата на маратон во женска конкуренција