917
Американскиот претседател Доналд Трамп во второто редовно годишно обраќање во Конгресот во еден час и половина ја изложи, како што то рече, агендата на американскиот народ.
“По 24 месеци, нашата економија е лидер во светот, нашата армија е најмоќна во светот, а Америка победува секој ден“.
Трамп ја повтори неговата намера да изгради ѕид на границата со Мексико со цел да го спречи влезот на мигранти во САД.
„Тоа е паметна стратегиска проѕирна метална бариера. Не е бетонски ѕид“.
„Заедно стоиме зад народот на Венецуела во нивните пориви за слобода“, нагласи Трамп, осврнувајќи се на актуелната состојба во оваа земја.
Инаку, првично, годишното обраќање требаше да биде на 29-ти јануари, но беше одложено поради делумното владино затворање.
