ШОКАНТНО: Сала бил приморан да се качи на кобниот лет

by Тони Зографски

Пријателот на Емилијано Сала, Масимилијано Дуарте вели дека најголем виновник за трагедијата во кој загина аргентинскиот фудбалер е неговиот менаџер.

„Менаџерот има најголема вина. Вистина е дека Емилијано сам не одлучи да се качи на тој лет. Еми буквално беше приморан да се качи на тој проклет авион и да лета во такви услови ноќе“, вели Дуарте.

Инаку, авионот во кој беше Сала исчезна на 22-ри јануари, а пред два дена беше пронајден. На видеото кое беше објавено во остатоците на авионот се забележува и едно тело. Засега не е потврдено, но англиските медиуми пишуваат дека станува збор за Сала.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com