Во Германија, во рамките на владејачката демохристијанска-социјалдемократската коалиција на канцеларката Ангела Меркел се разви дискуси за воведување на минимална пензија од 900 евра.
Мојата цел е да не ги зголемуваме пензиите за 20 евра, бидејќи тоа нема да помогне никому. Зголемувањето треба да биде многу повисоко“, рече министерот за труд, Хубертус Хејл кој сака да им помогне на оние работници кои цел живот работеле за минимална плата и кои во моментов примаат пензија чиј износ е малку над 500 евра.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, реагираше претпазливо на новиот предлог, укажувајќи на коалицискиот договор во кој се одредува најнискиот износ на пензија, која ќе биде за 10 отсто повисока во однос на т.н. социјален праг, додека предлогот на Хејл практично значи зголемување од 20 проценти.