По заминување на Раул Гонзалез како најсериозен кандидат за нов селектор на Македонија е Роберто Гарсија Парондо. Шпанецот е актуелен тренер на Вардар и ќе остане во Скопје најмалку до крајот на сезонава, што му дава можност да ги доврши квалификациите за ЕП 2020.
Инаку, Ракометната федерација на Македонија му се заблагодари на Раул Гонзалез за придонесот за македонската репрезентација. Од РФМ најавија дека нов селектор ќе се назначи во најбрз можен рок.
Новиот предводник првиот „испит“ ќе го има во квалификациите за Европското првенство (ЕП), во мечевите против Исланд на 10 и 14 април.