Сопругата на грчкиот премиер, Марева Грабовски-Мицотакис, доживеала тешка сообраќајна несреќа за време на престој во Италија, по што итно била префрлена во Атина и оперирана на двете раце.
Несреќата се случила во саботата навечер, по завршувањето на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Милано, каде што Грабовски-Мицотакис го придружувала својот сопруг, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Грчкиот портал Прототема објави дека по несреќата таа била хоспитализирана во Атина и веднаш подложена на хируршка интервенција на двете раце. Лекарските извори наведуваат дека нејзината здравствена состојба е стабилна.
Премиерот Мицотакис бил постојано со сопругата за време на престојот во болницата и ја следел медицинската постапка од првиот момент. Засега нема официјални информации за причините за сообраќајната несреќа.

