Почина македонската фудбалска легенда Васил Рингов

by Тони Зографски

На седумдесетгодишна возраст денеска почина легендата на македонскиот фудбал, а воедно и на ФК Вардар, Васил Рингов.

Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец кој на клупски план длабока трага остави во дресот на Вардар. Настапуваше уште за белградски Партизан, Динамо Загреб, германскиот Ајнтрахт Брауншвајг, а во Македонија беше член и на Тетекс и на Беласица, каде што ја започна кариерата.

За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 93 гола.Животот го загуби по кратко боледување.

останати вести