АВИОН СЕ ЛИЗНА ОД ПИСТА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ Драма на аеродром во Литванија (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Авион управуван од полската авиокомпанија Лот Полиш се лизна од пистата при слетување на аеродромот во Вилнус во Литванија. За среќа, нема повредени патници или членови на екипажот.

Патниците беа евакуирани од авионот веднаш по слетувањето. Во моментот на слетувањето во авионот имало 63 патници и четири члена на екипажот, а аеродромот бил привремено затворен поради инцидентот.

Во Вилнус имало многу снег, за кој се сомнева дека е причина за лизгањето. Додека аеродромот бил привремено затворен, сите летови биле пренасочени кон блиските аеродроми.

https://twitter.com/i/status/1993684367810392338

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com