Во среда во седиштето на НАТО во Брисел, Македонија ќе го потпише Протоколот за пристапување кон НАТО, информира генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку неговиот профил на „Твитер“.
„На 6 февруари ќе испишеме историја. Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, напиша Столтенберг на социјалната мрежа.
По потпишувањето на Протоколот тој мора да биде ратификуван од секоја од 29-те членки, а се очекува прва да биде Грција, која, според некои извештаи, ќе го стори тоа на 8 февруари.