Пред шест дена Јавнот обвинители во Лесковац започнаа предистражна постапка против самопрогласениот доктор Мирољу Петровиќ. Тој ги негирал сите обвиненија против него.
“ Она што се случи со Славче е негово дело. Што јас лажам? Лажам дека мојот брат умре? Тој нема емоции спрема нашата болка“, ова за српски Курир го изјави Билјана Јовановиќ сестра на Славча Петрова од Велес, и додава:
“Најмногу би сакал ова да е лага, како што вели Мирољуб Петровиќ! Единствената вистина е дека сега имам само гроб, немам брат, го изгубив“.
Славче Петров почина на 7-ми јануари откако му бил дијагностициран тумор на мозокот, а се лекувал според пропишаната терапија на надрилекарот Петровиќ кој е осомничен за кривично дело против здравјето на луѓето.