23 лица изгореа во пожар во маркет во Мексико (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку 23 лица загинаа во огромен пожар што го зафати маркетот во градот Хермосиљо, во северозападната мексиканска држава Сонора.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, изрази „искрено сочувство до семејствата и најблиските на оние што ги загубија животите“. Таа на платформата X напиша дека, иако точниот број на жртви сè уште не е прецизиран, му наложила на министерот за внатрешни работи да испрати екипи за помош на семејствата на жртвите и повредените.

Градоначалникот на Хермосиљо, град со околу 855 илјади жители, исто така потврди на X дека бројот на жртви е голем. Локалниот шеф на противпожарната служба објави дека причината за катастрофалниот пожар сè уште не е позната и истрагата е во тек.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com