СМЕЈУРИЈА: Босанската делегација во Брисел неспастрена (ФОТО)

by Тони Зографски

Босанската делегација на чело со Милорад Додик беше во дводневна званична посета на Брисел.  Додик заедно со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина,  Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ имааи заедничка средба и заедничко фотографирање со Фредерика Могерини.

Но веднаш по средбата на социјалните мрежи излезе фотографијата на која “босанската тројка“ не е излезена баш како што треба, односно, изгледаше неспастрено. Имено, на Додик едниот капак од џепот на костумот му остана внатре, вратоврската на Џеферовиќ не е добро центрирана, додека на Комшиќ едната ногавица му е подигната.

Инаку, Додик по средбата изјавил дека состанокот со Могерини поминал одлично.

останати вести