Македонскиот државјанин З.Д. (50) ќе биде еден месец во притвор откако вчера околу 19 часот, во населбата Велји Виногради во Будва, со метална шипка го нападнал својот цимер – исто така, македонски државјанин.
„Од силината на ударот, претепаниот маж паднал на асфалтот. Затекнат е како лежи во локви крв на улица, по што му е укажана лекарска помош. Констатирани му се тешки повреди на главата. Полицијата успеа да го пронајде и уапси напаѓачот“, пишуваат медиумите во Подгорица.