Пред хотелот „Балкан“ во Белград, околу 7 часот е пронајдено безживотно тело на машко лице, пренесуваат српските медиуми.
Телото било пронајдено од полицаец, кој го видел помеѓу автомобили, информираат од Брзата Помош за српски Блиц.
Екипата на Брза помош веднаш дошла по повикот на полицискиот службеник, но за жал, само ја констатирала смртта на човекот.