Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :
Имам само 23 години а опаѓање на косата трае веќе неколку години. Залистоците се многу подлабоки од порано а почнува малку да ми се проретчува и предниот дел од косата. Во мојата фамилија и татко ми и дедо ми имаат и длабоки залистоци и проретчување на темениот дел. Кај мене темето не е проретчено ама залистоците многу ми сметаат. Дали трансплантација на коса во залистоците би го решил мојот проблем или постои и некој друг метод?
ОДГОВОР ОД ДОКТОР-ТРИХОЛОГ :
Првата фаза во манифестацијата на наследната ќелавост е продлабочување на залистоците. Многу често формирањето на залистоците напредува многу брзо, со целосна атрофија на фоликулите на влакното. Тоа што забележувате и проретчување во фронталниот дел е знак дека губењето на косата продолжува. Затоа во вашиот случај најбитно е да се фокусираме примарно на стопирање на натамошното губење на косата. Откако ќе обезбедиме стабилизација на опаѓањето можеме да се посветиме на планирање на втората фаза на третманот која се однесува на враќање на изгубената коса.
Со трихолошка анализа на косата може да се установи степенот на проретчување, состојбата на фоликулите и можностите за раст на косата. Ако фоликулите во залистоците имаат сеуште задоволителна функција, тогаш со стимулативни методи со 101 тоници и ласерски третмани може да се постигне раст на косата и згуснување и спуштање на залистоците. Поради тоа што сте млад, а кожата е во добра состојба и реагирате на време може да се постигнат одлични резултати.
Но ако трихолошката анализа покаже трајно оштетување на фоликулите и нивна атрофија, што не е вообичаено за ваша возраст, тогаш не можеме да очекуваме нивна повторна активација со било кој метод. Во таков случај трансплантацијата може да дојде во предвид за постигнување задоволителни резултати. Во Вашиот случај е особено значајно трансплантацијата да се изведе со современата ФУЕ техника и да се овозможи адекватно покривање на фронталната зона за долгорочни резултати.