Кај еден од вработените во Универзитски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје е најдена смртоносна бактерија МРСА, но тој е изолиран и не доаѓа на работа, сопшти директорката на оваа јавна здравствена установа, Амела Сана.
Таа уверува дека ситуацијата е под контрола и нема простор за паника кај пациентите.
– Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории, истакнува Сана.