Д-р Ели Андонова, сопственик на Пзу. Дорабела естетик
Бојата на забите е индивидуална и најчесто генетски условена. Иако имаат удел, исхраната, секојдневниот биоритам, здравите(нездрави) навики, во основа генетскиот или наследниот фактор е најважен. Таа дава вариации во различни нации, возрасни групи, пол и слично. Главно таа е одредена од вториот слој на забот(дентинот). Горниот слој кај луѓето е транспарентен(прозирен) со мали одстапки и генерално бојата потекнува од слојот на забот испод глеѓта.
Кај човековата популација често се среќаваат заби со промени на бојата во вид на дисколорации. Промената може да се создаде поради влијание на внатрешни фактори за време на самиот развиток на забите. Таквите дисколорации се внатрешни. Тука промената на бојата настанува поради структурна промена на забните ткива. Пример за такви заби се:
Флуорозата, која се јавува поради прекумерно внесување на флуор. Се јавува во вид на бели петна на забот со помала или поголема застапеност во зависност од интензитетот.
Тетрациклински заби. Се јавуваат поради употреба на истите лекови за време на бременост и даваат лесни пребојувања во вратот на забот се до тешќи со изразено потемнување(сиви и црни нијанси)
Третманот на поблагите форми се решава со белеење на забите, а кога имаме посериозна форма бара протетско решавање(стругање).
Пребоеноста може да се јави и поради влијание на надворешни фактори. Тогаш станува збор за надворешнио (екстризични) дисколорации. Како што се дисколорациите што се јавуваат поради употеба на кафе, цигари, пигментирана храна и слично. Ваквите промени се отстрануваат со полирање и чистење на забите, И при нив не е афектирана структурата на забот туку само неговата површина.
Во пракса има и промени на бојата кои се јавуваат поради дефекти присутни на самите заби(вродени или стекнати), кои со текот на времето со влошуваат.
Која и да е причината за промената на бојата, секогаш дава намалена естетика и намалена самодоверба кај поедниецот. Бојата и обликот на забите е првото нешто што е видливо во комуникација и е составен дел од сечија насмевка. Во случај на промени на бојата решение секогаш има, со меѓусебен договот помеѓу докторот и пациентот.