СРБИНКАТА МАРИЈАНА ПРЕКУ ГАТАЊЕ „ЗАРАБОТИ“ МИЛИОНИ: Измамничката од Австрија ја бараат во 4 земји

by Тони Зографски

Австриската полиција објави нови фотографии од Србинката Маријана, која е осомничена дека измамила повеќемина за милиони евра, накит и други вредни предмети.

Маријана на жртвите им се претставила како Амела, а при претреси на куќи низ Виена биле запленети стотина парчиња накит, пари и други предмети.

Полицијата соопшти дека бројот на „жртвите“ на Маријана е зголемен на 23, од кои 16 живеат во Австрија, а седум во Германија. Како што се зголемува бројот на жртвите, така се зголемува и висината на штетата.

– Во моментов штетата се проценува на 2,5 милиони евра – изјави портпаролот на полицијата.

Според него, одземениот накит бил на вештачење. Тој откри три карактеристични прстени, за кои тврди дека наводно водат до дополнителни жртви на гатачката.

Прстените се многу препознатливи бидејќи во внатрешноста се врежани датуми и имиња.

– Овие прстени сè уште не се поврзани со некое ново злосторство – рече портпаролот.

До средината на март, полицијата добила околу 140 дојави за наводната локација на Маријана.

Портпаролот на полицијата рече дека во овој случај соработуваат со полициите на Србија, Швајцарија и Германија, пишува Хојте.

Да потсетиме, при претрес на куќи во близина на Виена, полицијата во скривалиште и сеф заплени готовина во вредност од 4,1 милиони евра и 2,1 милиони швајцарски франци, покрај накит, скапи часовници и 25 килограми злато.

Зад мултимилионската измама стои мрежа на организиран криминал со ќелии во Виена и Келн. Инспекторите веруваат дека и други поединци низ германското говорно подрачје, особено во Швајцарија и Германија, биле измамени од шаманската измама.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com