Авион од Пула слета во Лондон: Кога повторно полета, се урна и се запали (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена топка“, а аеродромот беше затворен до понатамошно известување. Нема официјални информации за жртви.

Несреќата се случила вчера, кратко пред 16 часот по локално време, а првичните извештаи сугерираат дека авионот долг 12 метри се запалил кратко по обидот за полетување.

https://twitter.com/i/status/1944452455703650382

Холандската компанија „Zeusch Aviation потврди дека нејзиниот лет SUZ1 бил вклучен во несреќата во Саутенд. Авионот претходно во текот на денот летал од Атина до Пула, а потоа до Саутенд, од каде што требало да продолжи кон својата база во Лелистад, Холандија.

Компанијата соопшти дека соработува со властите во истрагата и изрази сочувство.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com