„Ќе ги бомбардирам Москва и Пекинг“: Откриена тајна снимка на Трамп (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.

„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.

„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.

Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека испратил слична порака до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, рече Трамп за Си. „Но, никогаш немавме проблем.“

Снимки од повеќе настани за собирање средства зад затворени врати во Њујорк и Флорида во 2024 година, добиени од новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф, се објавени во нивната нова книга „2024“. Досега тие не се објавени во јавноста. Админситрацијата на Трамп одби да коментира за нивната содржина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com