Трамп ја запре воената помош за Украина и воведе нови царини за Канада и Кина

by Тони Зографски

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина воената помош за Украина, три дена по вербалниот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Трамп веќе издаде наредба за прекин на воената помош за Украина.

Претставник на Белата куќа потврди дека помошта за Украина е прекината.

-Претседателот Трамп беше јасен дека е фокусиран на мирот. Потребно ни е и нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се осигураме дека ќе придонесе за решение – изјави официјалниот претставник.

Истовремено САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.

Новите царини, кои стапија во сила ноќеска во 12:01 часот по источно време, може да влијаат врз трговија вредна 2,2 трилиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката е одговор на, како што тврди, „недоволните напори“ на Канада, Мексико и Кина да го спречат шверцот на фентанил во САД. – Доста беше.

Нема да дозволиме овие земји да седат со скрстени раце додека Американци умираат од оваа смртоносна дрога, изјави Трамп во обраќање од Белата куќа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com