Хамас во саботата ослободи шест израелски заложници во Газа, во седмата размена за ослободување на палестинските затвореници по примирјето што стапи на сила на палестинската територија на 15 јануари, по 15 месеци разорна војна.
Тројца израелски заложници, Илија Коен, Омер Шем Тов и Омер Венкерт, кои беа киднапирани од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време на нападот врз јужен Израел и нападот на музичкиот фестивал Нова Рајв Парти, беа предадени на претставниците на Црвениот крст во Нусејрат, во центарот на Газа.
Инетресно е што овој момент е снимен во живо, а на снимката објавена на социјалните мрежи за која нема потврда се гледа како Омер Шем Тов насмеано се бакнува со членовите на Хамас за време на ослободувањето.
По предавањето, ослободените заложници сега се под контрола на израелската војска, која ги враќа од Појасот Газа назад во Израел. Денеска беше ослободен и шестиот заложник Хислам ал-Сајед.
Претходно во саботата наутро беа ослободени уште двајца заложници, од кои едниот беше заробен дури 11 години.
https://twitter.com/i/status/1893255669379117230