Легендарниот англиски капитен и долгогодишен капитен на Ливерпул, сега тренер на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард пати од ретко пореметување.цЛегедарната „осумка“ чил последен клуб му беше Лос Анџелес во МЛС лигата, покрај сличната фудбалска приказна со Дејвид Бекам, има уште нешто заедничко.
Имено, двајцата патат од опсесивно – компулзивно пореметување. Бекам за тоа често зборува и во медиумите, додека за проблемот на Џерард зборува неговата сопруга Алекс Куран.
„Толку е опседнат со чистота, што кога ќе го допре весникот, веднаш трча да го измие рацете“, изјави Куран за британските медиуми.
Борејќи се со ова пореметување, самиот Бекам за време додека играше за Реал, често станувал ноќе и го чистел тепихот во дневната соба.
„Го смукав тепихот дака да остануваа линии како на стадион. Викторија понекогаш знаеше да ме фати како смукам откако децата ќе заминат на спиење, а сите линии на тепихот мораа да бидат совршени“, раскажа Бекам во една прилика.
Инаку, овие двајца легендарни фудбалер ги одбележаа изминатите дваесетина година во англискиот фудбал. Со националниот тим не освоија големи трофеи додека на клупско ниво подигнаа многу важни пехари.