Сер Алекс Фергусон е една од иконите на Манчестер Јунајтед и легендарниот тренер на клубот, а сега е подготвен да направи враќање во фудбалот, пренесуваат англиските медиуми.
Фергусон освои 13 шампионски титули со Манчестер Јунајтед, а се пензионираше во 2013 година со уште една освоена титула.
После тоа, тој стана амбасадор на клубот, како и еден од директорите. Сепак, челниците на Манчестер Јунајтед неодамна ја прекинаа соработката со него, а причината беа преголемите трошоци.
Фергусон накратко се врати на тренерската работа во 2019 година кога легендите на Манчестер Јунајтед одиграа натпревар против легендите на Баерн на Олд Трафорд.
Како што стојат работите, Фергусон во блиска иднина ќе се врати на клупата, а за се е „виновен“ поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Виљареал и Фиорентина, Италијанецот Џузепе Роси.
Тој се пензионираше во 2023 година, а својот проштален натпревар одлучи да го одигра на 22 март во Италија. Тој наводно договорил истиот тренер да го води последниот натпревар во неговата кариера.
„Фергусон ќе биде тренер на тој натпревар“, јасен беше Роси во интервју за „Сан“ и продолжи:
„Тој беше мојот прв тренер, а потпишав договор на 17 години. Со него работев само три години и не играв многу. И покрај сето ова, тој веднаш изјави дека и ова најдобро покажува каква личност навистина е. Малку направив во Манчестер Јунајтед, но тој ме третира како Кристијано Роналдо кој постигна 1.000 голови“, изјави Роси.