228
Авионот кој го превезуваше американскиот државен секретар Марко Рубио на безбедносната конференција во Минхен бил принуден да се врати во Вашингтон поради технички проблеми, пренесе Асоишејтед Прес.
Проблемот е откриен час и половина по полетувањето од заедничката база Ендрјус поради дефект на стаклото на пилотската кабина. Авионот се врати на местото на полетување, каде што се во тек плановите да се организира лет кон Рубио со друг авион.
Одложувањето нема да влијае на плановите на државниот секретар да го продолжи своето патување во Германија и на Блискиот Исток, но сè уште не е јасно дали ситуацијата ќе доведе до пропуштање на важни средби во Минхен, вклучително и оние со американскиот потпретседател и со претседателот на Украина.
