Др.Искра Петровска Шешова
Специјалист Дерматовенеролог
Дерматолошко Естетска Ординација Др.Искра
Дермапен е медицински естетски третман кој работи на принцип на мали микроиглички кои овозможуваат стимулирање и создавање на нов колаген и еластин. Се работи за еден од поновите третмани во естетската дерматологија кој е извонредно решение за подмладување на кожата, за намалување на брчки, лузни од акни и пигментации на кожата .
За каков тип на третман се работи?
Се работи за третман каде се употребува апарат кој на својата површина има мали микроиглички кои навлегуваат во кожата и образуваат мали микроканали. Самиот третман се прави со мали синхрони движења кои предизвикуваат лесни боцкања на кожата. Игличките кои се употребуваат се за еднократна употреба. Со помош на овие мали иглички директно во кожата се вбризгуваат различни активни супстанции како што е хијалуронска киселина, витамини, аминокиселини, различни медикаменти, активни супстанции кои предизвикуваат забрзување на метаболизмот на кожата, подобрување на циркулацијата и на тој начин се стимулира настанување на нов колаген и еластин кој дејствува а на обновување на кожата.
Кога може да се изведува овој третман?
Третманот може да се изведува во било кој период од годината. Третманот е безболен и безбеден и дава одлични резултати.
Што може да очекуваме после третманот?
Кожата после третманот е лесно зацрвенета и чуствителна на допир. Тоа чуство поминува после 24 часа. Во домашни услови препорачуваме користење на регенеративна крема со заштитен фактор .
Колку третмани се потребни за постигнување на резултати?
За постигнување на очекувани резултати потребни се 5 -6 третмани кои се прават на растојание од 3-4 недели.
Кои делови од лицето можат да се третираат?
Сите делови од лицевата регија може да се третираат со помош на овој третман.
Каде се може да се примени овој третман?
Кај губиток на еластичност и свежина на кожата, лузни од акни, ситни и средни брчки и пигментации на кожата.
Каде може да се изведува овој третман?
Треманот може да се изведува во естетска дерматолошка установа од страна на едуциран и сретифициран дерматолог.
Дали може да се комбинира и со другите третмани кои се користат во естетската дерматологија?
Идеално е комбинирањето на овој третман со другите естетски третмани за добивање на
подобри резултати .