Швеѓанецот Томас Енквист, некогашен четврт тенисер во светот, смета дека Нова Ѓоковиќ ќе игра уште три-четири години врвен тенис.
Засега Ѓоковиќ во кариерата шестпати го освојуваше Австралија Опен, четирипати Вимблдон, три пати УС Опен и еднаш Ролан Гарос. Прашање е кој ќе го сопре српскиот ас.
„Сега има 14, ако остане здрав и мотивиран, мислам дека може да игра уште барем 3-4 години. Доколку продолжи да го прави тоа како во изминатите 10 години, дефинитивно може да ја заврши кариерата со околу 20“, истакна за Спорт клуб, Енквист.