Македонската ракометна федерација доби парична казна после случувањата на трибините на вчерашниот дуел меѓу Холандија и Македонија. Казната е на име на недолично однесување на фановите против Холандија во мечот од второто коло на СП, а истата изнесува 10.000 франци.
Покрај паричната казна, ИХФ му нареди на домаќинот да ја затвори трибината зад клупата кај тимовите. Доколку се повтори истиот инцидент Македонија ќе игра без публика. Ќе се зголеми и бројот на обезбедување, а сите навивачи ќе бидат детално проверени, вклучувајќи и торбите кои ќе ги носат.