366 маратони во секој ден од годината: 55-годишна жена влезе во Гинис трчајќи маратон секој ден во 2024 година

by Тони Зографски

Хилде Досоњ од Белгија се запиша во Гинис како прва жена која има трчано маратон секој ден во текот на една година.

Во 2024 година, 55-годишната атлетичарка истрча 366 маратони или најмалку 15.444 километри. Таа трчала по 42,5 километри секој ден за да нема проблем со администраторите на Гинис.

Со својот подвиг, Хилде успеа да собере повеќе од 65 илјади евра за истражувања поврзани со ракот на дојка.

„Менталниот напор е многу потежок од физичкиот. Се разбира дека и физички сè мора да биде во ред. Инаку нема да можете да трчате по четири часа секој ден. Но, ментален предизвик беше да се биде на стартната линија секој ден“ – рекла таа.

Во 2022 и 2023 година, таа истрча една од најтешките ултрамаратонски трки на светот, Спартатлон во Грција.

На сите кои допрва сакаат да започнат да трчаат, им препорачува:

„Напредувајте постепено и ќе ги видите придобивките. Не очекувајте чуда за кратко време“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com