Во известувањето објавено на „Инстаграм“, сопствениците Теди и Енди Леонард изразија тага и неизвесност за својата иднина.
„Срцето ни е скршено и не знаеме што ќе остане од сѐ ова… Се надеваме дека државните служби ќе ни дозволат да го обновиме (ресторанот) кога состојбата ќе се смири“, се вели во објавата
Според наводите, гостилницата била зафатена од пламен откако пожар го преминал кањонот Топанга. „Малибу тајмс“ го опишува како „суштински дел од автопатот на брегот на Пацификот со десетлетија“ и омилено место за собирање за околното население и туристите.
Malibu Feed Bin, Rosenthal’s, Cholada, Reel Inn, Wylie’s, all gone. Getty Villa surrounded in flames. #PalisadesFire #Malibu pic.twitter.com/zuRo6SnDCP
— Chris Damian (@oneChrisDamian) January 8, 2025