Жена, која спиела на метро станица во Бруклин, починала поради изгореници, откако била запалена од, засега, непознато лице за кое се верува дека е мигрант од Гватемала.
Според снимките од видеонадзорот на метростаницата, лицето мирно и се приближило на жртвата, која била во седечка позиција, по што со запалка и ја запалил облеката. Пожарот бил гасен од екипа на итната медицинска помош, но жената починала на местото.
За време на инцидентот, осомничениот останал мирно да седи на станицата, а неговиот чин бил снимен и препознат. Засега нема информации за жртвата.
Њујоршкото метро во текот на зимските месеци често е рај за бездомниците кои бегаат од студот. Во Њујорк во моментов времето е студено, а ноќните температури се спуштаат до -10 степени.