Авион се урна на автопат во Њујорк: Едно лице загина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку едно лице загина откако мал авион се урна на автопат во Њујорк.

Уште едно лице е тешко повредено, а итната помош се уште е на местото на настанот, пишува Мирор.

Воздухопловното гориво се излеаlo на коловозот кој е затворен за сообраќај во двата правци.

Тоа се случиlo во Харисон околу 19 часа во САД.

– Прелиминарната истрага утврди дека во авионот имало две лица, а потврдено е дека едно од нив починало. Дополнителни информации ќе бидат доставени кога ќе бидат достапни – изјави портпаролот на полицијата.

останати вести