Зоки Шумадинац преку ноќ стана интернет сензација со својата песна „Аутотјин“, која веќе има милиони прегледи на каланот „Јутјуб“.
Пејачот Зоран Петровиќ, познат како Зоки Шумадинац, направи вистински бум со оваа песна, која за само три седмици достигна неверојатни 3.2 милиони прегледи.
Тој вели дека не му сметаат коментарите кои пристигнуваат на негова сметка, и нема да се смири додека не достигна до 100 милиони.
„Свесен сум дека сите ме гледаат како будала, но тоа не ми смета. Знам кој сум и ќе покажам колку далеку можам да стигнам. Нема да се смирам додека не имам 100 милиони прегледи на Јутјуб“, истакна Шумадинац.