Пратеникот Владимир Ѓорчев (41) денеска на прес конференција во 14.30 часот јавно ќе објави дека ќе поднесе кандидатура до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се бира кандидат за претседател на државата.
„Искуство. Член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ веќе 22 години. Присутен на ИК од 2000-та година. Член на ИК веќе долги 15 години. – ИК на УМС, портпарол, меѓународен секретар, ИК, ЦК, Совет на град Скопје, носител на листа, пратеник во 5 мандати, претседател на повеќе комисии во Собранието“ – вели самиот Ѓорчев.