Некогашната прва тенисерка на светот, Серена Вилијамс ја бие глас дека е арогантна, не соработува, не слуша, а сега ќе ја озборуваат и дека е заборавена.
Таа се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен, со победата над Симона Халеп со 2-1, но пред стартот на мечот, Серена направи гаф кој се најде на социјалните мрежи.
Имено, тенисерките се наоѓаа во ходникот кога официјалниот спикер го најави излегувањето на првата тенисерка на светот. По навика, Серена мислеше дека е таа, но заборави дека на ВТА листата прва е Халеп. Американката тргна па се врата, па стана хит на социјалните мрежи.
https://twitter.com/twitter/statuses/1087263086342557697