„Да ја направиме Америка повторно голема“ извика Доналд Трамп во обраќањето како нов претседател на САД.
Пред да го започне својот говор, Трамп застана до својата насмеана сопруга Меланија со поглед на гордост на лицето. Цело време во позадина свирeше песната „God bless USA“.
„Ви благодарам на сите“, го започна Трамп своето обраќање додека салата извикуваше „САД, САД, САД“…
“Веројатно ќе имаме 315 електорски гласови. Немаше друг пат кон победа. Исто така го освовиме гласот на народот, што е одлично. Ќе бидете горди на нас и веројатно еден ден ќе бидете задоволни што сте гласале за нас. САД ни дала еден неверојатен мандат, ќе ја преземеме контролата над Сенатот, тоа е сјајно“.
„Искрено, ова е најголемото политичко движење во оваа земја и веројатно пошироко и сега ќе биде уште поважно затоа што ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави. На нашата земја и треба помош и многу од неа. Ќе ги поправиме нашите граници и се што е нашата земја влеговме во историјата со разум, ги надминавме пречките, за кои многумина не веруваа дека се можни!“, рече Трамп.