Американците избираат претседател по 60-ти пат во историјата, а целиот свет го чека исходот кој ќе влијае на голем број глобални конфликти и кризи.
Во исто време се избира и нов состав на Конгресот и третина од Сенатот.
Резултатите главно се во согласност со очекувањата. Трамп ја задржа контролата врз традиционално републиканските држави, додека Харис ги освои демократските упоришта.
Трамп, кој според проекциите на Си-Ен-Ен досега освои 246 електорски гласови, победи во Мисури, Оклахома, Алабама, Флорида, Тенеси, Западна Вирџинија, Индијана, Кентаки, Јужна Каролина, Арканзас, Тексас, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота, Мисисипи, Луизијана, Охајо, Канзас, Монтана, Јута, Ајова, Небраска, Ајдахо, Џорџија и Северна Каролина.
Харис, која досега има 182 електорски гласови, победи во Масачусетс, Мериленд, Вашингтон ДЦ, Вермонт, Делавер, Роуд Ајленд, Илиноис, Њујорк, Колорадо, Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Конектикат, Вирџинија и Хаваи.
Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Според податоците на Би-Би-Си, Трамп моментално води во сите седум колебливи држави. Во Аризона, разликата меѓу него и Харис е многу мала, 49,8 отсто наспроти 49,4 проценти. Првата колеблива држава, Северна Каролина, ја освои Трамп.