Поради циклонска активност со центар во јужните делови на Европа денес и во следните денови во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а само од снег на планините, информира УХМР.
Пообилни врнежи ќе има утре попладне и во текот на ноќта кон четврток. Во западните делови и на планините на истокот врнежите ќе бидат претежно од снег, во југоисточните само од дожд, а во останатите од дожд и повремено од снег. Локално во југоисточните и источните делови врнежите ќе надминат 25 литри на метар квадратен.
Во петок ќе има нови обилни врнежи кои заради продор на постуден воздух ќе бидат претежно од снег и ќе се формира нова снежна покривка во поголемиот дел од земјата.