Поранешните фудбалери Роберто Карлос, Луис Фиго, Икер Касиљас и Фернандо Јеро, како и сегашната ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се вмешани во измамама со пирамидалната шема на компанијата „Омегапро“.
Според информациите тие соработувале со крипто компанија која ветувала профит и до 300%, но сега се соочува со тужби од жртвите.
Првично на луѓето кои вложувале им било кажано дека парите ќе ги добијат за 14 месеци, потоа за 18, па 26 и на крајот станало јасно дека станува збор за измама.
Шпанските медиуми пренесуваат дека измамени биле над три милиони луѓе, а вкупно биле вложени над три милијади евра.
„Не ми е јасно како може да биде ваква измама. Вклучени беа познати фудбалери, а логото на компанијата сотеше на голем облакодер во Дубаи“, зборувала 56-годишната Долорес.
Задачата на фудбалерите била преку својот имиџ во јавноста да ги убедат граѓаните дека треба да ги вложат своите пари.