Јане Пухака бил пронајде мртов во својот дом пред неколку дена, да бидејќи станува збор за познат хокеар кој беше активен до пред неколку години, финската јавност отвори големи сомнежи околу начинот на кој се случил немилиот настан.
Како што јавуваат медиумите, 29-годишниот Пухака по се изгледа е убиен на суров начин од својот партнер, 37-години повозрасниот Ролф Нордмо.
За да се разјасни целата приказна, Јане Пухака беше првиот фински хокеар кој јавно призна дека е хомосексуалец, а сега се верува дека за жал бил убиен токму од човекот во кој бил вљубен.
66-годишниот Нордмо е првоосомничен за брутално убиство со користење на сачмарка, огнено оружје за кое всушност имал дозвола и било регистрирано на негово име.
Финските медиуми јавуваат дека Нордмо е веднаш привреден во полицијата и му е одредена мерка притвор, па во наредниот период ќе се бараат докази за разјаснување на деталите и барање причини за свирепото убиство.
Истрагата на обвинителството е во рана фаза, но според првичните докази, се укажува на тоа дека пензионираниот хокеар на млада возраст бил убиен од својот сакан.