Кучето кое го доби на поклон претседателот на Русија, Владимир Путин, кое му беше поклонето од српскиот претседател, Александар Вучиќ, не престанува да ја интригира руската јавност.
На една од најследените руски групи на Фејсбук, која ја следат повеќе од 1.8 милиони луѓе, голем дел од Русите се заблагодарија за овој поклон.
„Во име на Руската Федерација, сакаме да се заблагодариме на претседателот Вучиќ на срдечниот дочек на нашиот претседател и на одличниот поклон. Ти благодариме српски брате што покрај сите притисоци не воведе санкции во Русија, ти благодариме што го негуваш братството помеѓу двата народа. Ние, Русите, ова никогаш нема да ти го заборавиме. Да живее Србија, да живее Русија“, се вели во дописот на фан страната.