Само возрасни членови на царското семејство ќе можат да учествуваат на главната свеченост по повод инаугурацијата на новиот јапонски цар Нарухито, што ќе се случи во мај.
Свеченоста “Kendži tou Šokei no Gi” на која новиот цар ќе ја превземе должноста од досегашниот владател Акихито ќе се одржи во царската палата. Принцот Фумихито, кој е помлад син на Акихито и неговиот брат Хитачи, ќе бидат единствени членови на царското семејство на церемонијата.
Инаку, Нарухито на 1 мај ќе стане 126 цар. Тоа ќе се случи еден ден одкако царот Акихито ќе се отќаже од престолот, што е прва абдикација на еден јапонски император во последниве 200 години.