Италијанската дива, актерката Моник Белучи неодамна присуствуваше на промоцијата на филмот „Beetlejuice Beetlejuice“ во режија на Тим Бартон и со својот стајлинг ги воодушеви сите присутни.
Промоцијата на филмот се одржа во Мексико, а гостите на настанот продефилираа на црн тепих наместо на црвен. Според организацијата, тепихот бил во согласност со жанрот на филмот на Бартон – комбинација на хорор и комедија.
Естетиката на целата промоција ја поддржа и една од нјаубавите жени на светот во последните неколку децении, италијанската актерска ѕвезда Моника Белучи, која на промоцијата се појави во комплетен црн стајлинг.
Во елегентен црн фустан со кои ги воодушеви сите.
Таа за оваа пригода носи макси фустан од францускиот дизајнер на висока мода Александре Вотие. Фустанот е украсен и со отворен грб со блескави детали.