Ријана во новата реклама позирала во долна облека, а нејзините воодушевени фанови го нарекуваат ова нејзино најпровокативно издание досега.
Пејачката позирала во чипкаст градник и танга како и подвезици. Изгледот го надополнила со едноставна шминка, „мокра“ фризура и шпицести потпетици.
Станува збор за реклама за новата колекција „BoldLace“ на брендот на пејачката „Savage X Fenty“. Како и секогаш, под фотографиите се нижеле позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
„Колку си убава“, „Ти благодарам што нѝ го разубави денот со овие фотографии“, „Блазе си му на твојот сопруг“, „Ти си совршена жена“, се само некои од нив.
Ријана неодамна во едно интервју изјави дека по двете породувања сака да се облекува спортски, т.е. удобно.
Таа е целосно посветена на својот бренд, а фановите се надеваат дека наскоро ќе се врати на музичката сцена и ќе издаде нов албум.
Британските медиуми објавија дека таа моментално договара турнеја за 2025 година, како и настап на престижниот музички фестивал Гластонбери. Сепак, сè уште ништо не е потврдено.