Неда Украден вчера го прослави својот 74 роденден, а во оваа прилика покажа како изгледала роденденската прослава и се пофали со фотографија во костим за капење.
Колку години имам? Доволно! Без филтри и ефекти. Да живеам и да уживам во животот, моето прекрасно семејство, музиката, најдобрата публика што човек може да ја посака. Истото го посакувам и за вас! Ви благодарам на сите за прекрасните желби и поздрави. Ве сака Неда“, напишала пејачката, а фановите во коментари и го честитаа роденденот.
Да потсетиме, на почетокот на летово пејачката се пофали со фотографија во костим за капење, кога нејзината внука ја фотографирала на одмор во Котор. Тогаш истакна и дека не користи филтри, а познато е дека е поборник за природен изглед.
“Немам ни грам силикон во мене. Има кралски пилинг и третман кој го практикувам со години на секои шест месеци. Ми се чини дека ми одговара и дека резултатот е видлив. Господ ми го дал ова тело и ова лице кога само ќе се сетам колку години имам плачев за тоа кога бев помлада, а сега сум пресреќна“, изјави таа во една пригода.